Медиуми: Пентагон се обидува да ја восхити Москва со „непредвидливост“

Преместувањето на носачот на авиони „Хари Труман“ треба да биде „сигнал за Москва и демонстрација на флексибилноста и опсегот на Воената морнарица на САД“, изјави воен извор во Вашингтон.

Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ е преместен од Персискиот Залив во Средоземното Море и покрај правилата на подреденост, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Соговорникот на весникот потсетуваа дека бродот ќе се наоѓа во зоната на одговорност на Европската команда и ќе врши напади  во зоната на одговорност на Централната команда (врз цели во Сирија и Ирак).

„Тоа го обезбедува потребното присуство во Средоземното Море за да се... одвратат Русите ... Непредвидливоста на она што ние го направивме со „Труман“, е нешто што ќе ги натера да размислат двапати“, додава изворот на весникот.

Адмиралот Брет Бетчелдер изјави дека префрлувањето на  бродот од Персискиот Залив преку Суецкиот канал е наменето да им ја демонстрира на сојузниците на НАТО посветеноста на САД во одржувањето на рамнотежата на поморските сили во Средоземното Море.

„Ова е демонстрација на можностите. Точно е. Без сомнение, постојат момци кои следат тоа и тоа е само визуелна претстава на она што го можеме“, додаде тој.

Американскиот носач на авиони се наоѓа во води САД и Русија) во Сирија и Ирак. Се очекува во јуни на бродот да му се приклучи носачот на авиони „Двајт Ајзенхауер“. По некое време, „Хари Труман“ ќе се врати во САД по осум месеци борбено дежурство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња