Кремљ за зборовите на Ердоган: Очекуваме извинување и компензација

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потенцираше дека Турција досега не направила никакви чекори во таа насока.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за чекорите за обнова на дијалогот со Москва, изјави дека Русија очекува извинување и компензација за срушениот Су-24 и за семејството на починатиот пилот.

Претходно Ердоган изјави дека Турција сака да ги подобри односите со Русија, но не разбира каков прв чекор очекува Москва од неа.

Песков изјави дека не смета дека има право да советува дека претседател на друга држава, меѓутоа може да потсети на зборовите на шефот на руската држава, како и на изјавите и објаснувањата кои беа давани во Русија на најразлично ниво.

„Претседателот буквално неколку дена по убиството на нашите пилот рече дека по такви агресивни и предавнички акции, се разбира, руската страна очекува извинување, разјаснување на причините за инцидентот, надомест за срушениот авион и компензација за семејството на загинатиот пилот. Ова беше кажано без особени алузии, тоа беше дури и објаснето сосема јасно на најразлични нивоа од страна на претседателот“, изјави Песков за новинарите.

Тој потенцираше дека Турција досега не направила никакви чекори во оваа насока, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња