Владимир Путин на Света Гора: Овде секогаш чувствувам топлина и добрина

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во дводневна посета на Грција, пристигна на Света Гора по повод прославата на илјадагодишното присуство на руското монаштво во оваа област.

„Би сакал да му се заблагодарам на Вселенскиот патријарх за сѐ што тој го прави тоа за зачувување на нашите односи. Му благодарам на братството на Света Гора Атонска. Овде секогаш ги чувствувам топлината и вашата добрина, добриот однос на Света Гора. Она што се случува овде се важни и потребни работи за целиот православен свет, поврзани со изградбата на моралните принципи на нашето општество“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Порталот на телевизијата Царград, кој ја пренесува оваа информација, истакнува дека во текот на средбата во Кареја, шефот на руската држава беше поставен на трон, во минатото резервиран исклучително за православните владетели и дека ова се случува првпат.

На прославата, покрај Путин, присуствува и рускиот патријарх Кирил. Тој претходно изјави дека овој настан треба да помине така што не само Русија и Грција, туку и целиот свет да го почувствува значењето на духовната традиција на православието.

На почетокот на посетата Путин пристигна во Кареја, главниот град и административен центар на Света Гора, каде се наоѓа Храмот Протата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња