„Комерсант“: Ослободувањето на Савченко – плусови и минуси

Надворешнополитчкиот аналитичарот на „Комерсант“ Максим Јушин пишува за тоа што ќе се случува во иднина во Москва и Киев.

Размената на Надежда Савченко за двајца руски војници заробени во Украина предизвика противречна реакција во патриотските кругови во Москва. Од една страна, сѐ до неодамна луѓето кои се претставуваа како борци за националните интереси, на сите телевизии изјавуваа дека „убиецот Савченко треба да лежи“ и дека нејзиното ослободување ќе биде „предавство на Русија“. Од друга страна, денес, кога размената веќе се случи, да го обвинуваат за предавство претседателот, кој ја донесе таквата одлука, ќе биде многу храбро и ризично.

Ако пак ги отфрлиме емоциите, излегува дека Москва добива повеќе плусови од овој потег отколку минуси.

Како прво, кај украинското општество и Западот исчезнува едниот од основните стимули, еден од главните поводи за критика на Русија. ПССЕ, Европскиот парламент и други меѓународни организации повеќе нема да донесуваат резолуции за „случајот Савченко“ со силна осуда на РФ.

Како второ, во својата татковина се враќаат луѓето кои Украина ги нарекуваше руски војници - Москва тоа не го признаваше. Но, во секој случај, Александар Александров и Евгениј Ерофеев од гледна точка на законодавството на РФ не извршиле никакво злосторство. Па сепак долго време постоеше чувство дека земјата им го сврте грбот на своите граѓани во неволја. Сега тоа ќе помине.

Трето, Надежда Савченко ќе престане да биде руски проблем и, сосема веројатно, ќе стане украински проблем. Со статус на национална хероина таа ќе биде уште неколку недели, можеби и месеци. Но, тогаш еуфоријата ќе помине. И претседателот Порошенко, другите украински лидери ќе мораат да решат тежок проблем: како да интегрираат во политичкиот систем на земјата толку популарен и во исто време толку непредвидлив и сосем радикално настроен фактор. Во тоа дека ќе бидат во можност да се справат со решението на овој проблем засега не се нема целосна доверба.

А што се однесува до минусите, засега е можно да се издвои само еден. „Случајот Савченко“ се влечкаше неприфатливо долго и за тоа време на угледот на Москва во меѓународни рамки му беше нанесена сериозна штета. Независно од тоа како многумина се однесуваа спрема украинскиот пилот, во ситуација, кога една жена се противи на цела држава, згора на тоа и нуклеарна суперсила, симпатиите на многумина во светот беа на страната на жената, без оглед на суштината на обвиненијата против неа.

Како што изгледа, целата оваа приказна со судењето на Надежда Савченко беше грешка од самиот почеток. Но, бидејќи не постои начин за враќање и грешката веќе одамна не може да се исправи, важно е барем да се минимизираат нејзините ефекти. Што и беше направено денес, пишува Максим Јушин во „Комерсант“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња