Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша указот за помилување на украинскиот војник Надежда Савченко, која беше прогласена од рускиот суд за виновна за вмешаност во убиствата на новинарите на ВГТРК, пренесува „Лајф“.
Пред тоа, претседателот одржа состанок со вдовиците на загинатите во Донбас Игор Корнељук и Антон Волошин. Тој им се заблагодари за нивното барање за помилување на Савченко.
На средбата со вдовиците присуствуваше украинскиот политичар Виктор Медведчук, кој ги водеше преговорите за размена на Савченко за осудените во Украина руски специјалци на ГРУ Евгениј Ерофеев и Александар Александров.
„Почитувани Марина Дмитриевна и Екатерина Сергеевна. Знам дека пред повеќе од два месеци, односно на 23 март, се сретнавте со Виктор Владимирович Медведчук. А потоа врз основа на резултатите од таа средба се обративте до мене со барање за помилување на Савченко, која е осудена од страна на рускиот суд“, рече претседателот на РФ.
„Сега нема да се навраќам на трагедијата во која вие ги загубивте најблиските. Сакам само да ви се заблагодарам за овој став. И да изразам надеж дека ваквите одлуки, диктирани, пред сѐ, од одлуките на хуманизмот, ќе доведат до намалување на конфронтација во извесна зона на конфликт и ќе помогнат да се избегнат слични страшни и никому потребни загуби. Ви благодарам многу!“, рече Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче