Русија го врати долгот што поранешниот СССР го имаше спрема Кувајт во износ од 1,1 милијарда долари, како и долгот од камата во износ од 620 милиони долари, соопшти во петокот, 20 мај, Министерството за финансии на Русија.
„Како последица на неспособноста на поранешниот СССР да ги исполни обврските според државниот надворешен долг и неопходноста од постигнување на Русија нови договори со надворешните кредитори на поранешниот СССР за реструктуризација на советските должнички обврски на 30 мај 2006 година беше потпишан Договор меѓу владата на РФ и владата на државата Кувајт за регулирање на задолженоста на поранешниот СССР“, се вели во соопштението на министерството.
Согласно Договорот основниот долг беше платен со пари, а каматата со испорака на руски високотехнолошки производи.
Обврските спрема Кувајт настанаа по подигнувањето во 1991 година од страна на поранешниот СССР на кредити за исполнување на тековните финансиски обврски и исплата на „критичниот“ увоз.
Во моментов Русија сѐ уште ја нема регулирано задолженоста од финансиските обврски на поранешниот СССР спрема Република Кореја, Македонија, како и спрема Босна и Херцеговина, се истакнува во соопштението на Министерството за финансии на Русија што го пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче