Британски генерал во пензија се заканува со „нуклеарна војна со Русија“

Британскиот генерал во пензија сер Ричард Ширеф, кој беше заменик-командант на силите на НАТО во Европа од 2011 до 2014 година, изјави дека НАТО ризикува да почне нуклеарна војна со Русија во текот на годината доколку не ги зајакне своите граници во балтичките земји.

Генералот Ширеф истакнува дека напад на Русија врз Естонија, Литванија и Латвија е сосем можен и Запад мора итно да реагира за да спречи „потенцијална катастрофа“, пишува „Индепендент“.

„Ние треба да го оценуваме претседателот Путин според неговите дела, а не според неговите зборови. (...) Тој употреби сила, и тоа му појде од рака“, потенцира генералот.

Ширеф напиша книга за измислени настани под наслов „2017.Војна со Русија“, но изрази мислење дека настаните опишани во неа се „потполно реални“.

„Во Русија се раководат според нуклеарната сила, и таквиот капацитет е во сите аспекти на нивната одбранбена способност, така што тоа ќе биде нуклеарна војна“, додава тој.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња