Захарова го обвини Западот за „подли чекори“ и нечесна игра

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова ги коментираше создавањето на ЕвроПРО, односите со НАТО и информативнат војна против Русија.

Коментирајќи го создавањето на ЕвроПРО, Захарова изјави: „Дипломатскиот процес течеше долго, се водеа преговори. Пред неколку години се одржа голема конференција, симпозиум во која учествуваат воени експерти, претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот, дипломати, аналитичари со учество на претставници на земјите од НАТО, каде детално, со конкретни цифри, карти и дијаграми руската страна предложи да се види што ќе се случи во случај на изградба и распоредување на уналатеалниот систем за ПРО“.

„Какви закани таа навистина ќе покрива, какви закани ќе остави непокриени и какви бонуси може да има заедничкиот систем кој ние бевме подготвени да го создадеме со НАТО, САД“, ги цитира нејзините зборови телевизијата ТВЦ

„Ние направивме сѐ. Денес нема што да обвинуваме ни од гледна точка на дипломатијата, ни од гледна точка на конкретните предлози кои им беа дадени на нашите западни колеги. Имајќи предвид каква е ситуацијата денес, се разбира, ние го задржуваме правото на повратен чекор“, изјави Захарова.

Освен тоа, таа даде оценка и за односите со НАТО.

„Тоа што го гледаме од страна на нашите западни партнери, не може да се нарече предавство, тоа е можно само од блиски луѓе. Имаше подли чекори, нарушување на договорот. Неприфаќањето на руската позиција, нечесната игра со ПРО дека системот се гради не против Русија, туку само против Иран. Без оглед на сето тоа, ние не ги прекинавме еднострано односите“, рече Захарова.

„Советот Русија-НАТО беше формиран за да комуницираме кога има проблеми. Да има списоци со телефони за итни случаи, планови за дејство во кризни ситуации. Но, кога кај НАТО се појави загриженост поради украинската криза, тие еднострано го блокираа списокот. Ситуацијата кога од два микрофони работи само еден, едноставно не одговара, таа е опасна за општеството“, изјави таа.

Захарова исто така укажа на информативната војна против Русија: „Ова е намерна приказна, но јас не ја нарекувам војна, зашто за мене војната е еден вид на битка. Во овој случај - тоа е информативната агресија, информативните напади кои ги одбиваме. И јас веројатно би требало да бидам заинтересирана за тоа медиумите на Руската Федерација  да настапуваат како обединет фронт и да нѐ поддржуваат“.

"Но, има сериозно прашање во ова -  консолидирајќи се под притисок, да не го изгубиме објективниот поглед на нештата. За земја која се наоѓа во процес на сопствена изградба, објективноста на новинарството е кислород, гарант на слободата, развојот, напредокот“, потенцира портпаролот на МНР РФ. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња