Во тепачка на московски гробишта загинаа три лица

Во масовната тепачка учествувале околу 200 лица.

Во Москва, на територијата на Хованските гробишта се случи масовна тепачка со примена на огнено оружје. Според информациите на ГУМВР, во тепачката учествувале околу 200 лица, повеќе од 90 се приведени.

Според последните информации, во текот на тепачката загинале три лица. Припадниците на Истражниот комитет на РФ поднесоа кривична пријава за убиство.

Извор на РИА „Новости“ во администрацијата на гобиштата соопшти дека во масовата тепачка учествувале претставници на неколку национални мацинства – Таџикистанци, Узбекистанци, Дагестанци и Чечени. Исто така се истакнува дека полицијата привела две лица по потекло од Северен Кавказ кои се обидувале да избегаат од местото на настанот со автомобил.

Изворот истакна дека можна причина за тепачката можела да биде желбата на напаѓачите да ја заземат територијата на гробишта кои носат мошне големи приходи.

Раководителот на одделот за трговија и услуги на главниот град Алексеј Немерјук истакна дека тепачка од вакви размери се случува првпат на гробиштата, без оглед на тоа што мигрантите кои работат на објектите што се градат во близина на периоди учествуваат во тепачки. Немерјук исто така истакна дека обезбедувањето на гробиштата ќе биде засилено.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња