WADA побара податоци за руската допинг-програма на Олимпијадата во Сочи

Светската антидопинг агенција (WADA) побара од Русија да достави информација за допинг-програмата за да може да започне истрага.

Светската антидопинг агенција (WADA) побара од Русија да достави информација за допинг-програмата за да може да започне истрага, соопшти во петокот, 13 мај, агенцијата „Р-Спорт“ повикувајќи се на изјава на претседателот на WADA Крег Риди.

„Имаме работа со ново тврдење, засега неаргументирано, кое што беше објавено само пред неколку дена, и нова информација се појави директно во текот на нашиот совет – за нарушување на правилата во Сочи“, изјави Риди. „Пред да можеме да кажеме било што, да соопштиме, да донесеме некаква одлука, треба да добиеме информација, докази“, истакна претседателот на WADA. „Ние веќе побаравме да ни се достави информација врз основа на која ќе може да се почне истрага. Сето ова не се многу добри вести за Русија“, додаде тој.

„Не ја сметам информацијата (за допингување на руски спортисти) како политички игри. Информацијата доаѓа од луѓе кои сакаат да ѝ помогнат на Русија да се раководи според правилата и да живее според нив“, изјави Риди. „Тоа што го правиме ние,  што го прави британската антидопинг агенција (UKAD), воопшто не е поврзано со политика, тоа воопшто е последното нешто што нѐ интересира“, потенцираше претседателот на WADA. „Ние сакаме Русија да живее според правилата и сѐ да биде во ред таму“, додаде тој.

Во четвртокот весникот „Њујорк Тајмс“ објави материјал со изјави на поранешниот раководител на московската антидпоинг лабораторија Григориј Родченков кој тврди дека токму тој ѝ помогнал на Русија да победи екипно на Олимписките игри 2014 во Сочи со тоа што изработил дотогаш невидена допинг шема за постигнување на победнички резултати, пишува „Ведомости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња