Доколку победник на „Евровизија“ за 2016 година стане претставникот на Руската Федерација, догодина Украина ќе се откаже од учество во натпреварување, напиша директорот на Националната телевизија на Украина Зураб Аласанија на својот „Фејсбук“.
„Па, Џа е во финале. Финалето е во сабота (на UA:Први, се разбира, не пропуштајте). Се радувам за Џамала, независно од местото кое ќе го заземе“, напиша Аласанија во петокот.
Тој потсети дека според правилата на „Евровизија“, победникот ќе биде домаќин на „Евровизија“ догодина и не ја исклучува можноста тоа да биде Украина.
„Вистина, принуден сум да размислувам и за алтернатива: ако победник биде човекот по име Лазарев (Сергеј Лазарев – претставник на Русија – Заб. на ред.) – мислам, догодина UA:Први повторно ќе се откаже од учество во натпреварувањето“, напиша Аласанија, пренесува „Интерфакс“
Рускиот претставник на „Евровизија“ Сергеј Лазарев е на врвот на листата со можни победници на музичкото натпреварување. Белгиското државно радио „Премиер“ ги смета него и францускиот учесник Амир Хадада за фаворити.
Според обложувалниците „Бетвеј“, „Бетфер“, „Унибет“, Ледброукс“, првото место на листата за победници го зазема Русија, по неа следуваат Украина, Франција и Шведска, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче