Експерт: „По катастрофата во Сочи Квјат тешко дека ќе се врати во „Ред Бул“

Австрискиот тим во „Формула 1“ го замени рускиот пилот со 18-годишниот Макс Верстапен

Рускиот пилот во „Формула 1“ Даниил Квјат тешко дека ќе може повторно да стане прв пилот во „Ред Бул“, смета менаџерот на авто-трките Оксана Косаченко. „Не можам да кажам дали е тоа казна или не, но во екипата беа многу незадоволно од тоа што се случи... на Гран-прито на Русија“, ја цитира Косаченко ТАСС. Косаченко исто така потенцира дека „Ред Бул“ имаат во подем уште еден млад тркач – Карлос Саинс, чија кандидатура може во иднина да се покаже попривлечна од Квјат.

Во четвртокот на официјалниот сајт на „Ред Бул“ се појави информација дека Квјат е префрлен во резервниот тим на „Торо Росо“ и дека неговото место ќе го заземе Холанѓанинот Макс Верстапен.  

Гласовите за можни проблеми за Квјат почнаа да циркулираат веднаш по завршувањето на трката за Големата награда на Русија што се одржа на 1 мај во Сочи. Веќе во првиот круг од трката Квјат двапати удри во болидот на германскиот возач Себастијан Фетел од „Ферари“. Од судирот настрада и партнерот на Квјат во „Ред Бул“Даниел Рикардо, што го оневозможи да се стекне со бодови во трката. Квјат беше казнет со 10 секунди и финишираше на 15 место.

Трансферот во „Торо Росо“ ќе му помогне на Квјат да се растовари емоционално, смета Оксана Косаченко. „Постапките на Квјат можат да бидат предизвикани од психолошки пресинг и притисок... во „Торо Росо“ ситуацијата е помалку затегната, и таму ќе му биде поудобно“, истакнува експертот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња