Системот „без данок“ (tax free), кој им овозможува на странските туристи да повратат дел од даноците од купената стока ќе почне да важи веќе годинава. Ова го соопштува весникот „Комерсант“ повикувајќи се на свој извор. Во пилот-проектот се подготвени да учествуваат најголемите домашни луксузни продавачи на мало, а преговорите се водат со основните оператори на tax free – „Глобал Блу“ (Global Blue) и „Премиер Такс Фри“ (Premier Tax Free (Fintrax).
Минималната сума за купување на непрехранбени производи за кои странските државјани ќе можат да добијат поврат на ДДВ ќе изнесува 10 илјади рубли (155 американски долари). Пилот-проектот за tax free ќе стартува во големите московски трговски центри: ГУМ, Петровски пасаж, ЦУМ, „Барвиха Luxury Village" и др. По завршувањето на експериментот на системот tax free ќе можат да се приклучат други, помали трговци на мало. За волја на вистината, за да се приклучат на tax free ќе треба да поминат специјална сертификација во Министерството за индустрија и трговија.
Се очекува воведувањето на Tax free да даде дополнителен развој на трговијата. А потенцијалната добивка за руската економија може да изнесува стотици милиони евра - според оценките на главниот менаџер на ЦУМ Александар Павлов. Впрочем, според мислењето на Министерството за финансии и руската туристичка индустрија, повратот на ДДВ на нерезиденти е бескорисна мерка: таа нема да привлече нови туристи, а ќе создаде загуби во буџетот.
Во Русија важат две ставки за ДДВ - 10% (важи за прехранбени производи и стоки за деца) и 18%.
Во консалтинг-компанијата „Делоит“ пресметаа дека со воведувањето на tax free ќе се покачи собирањето на увозните царини и за три години овие такси ќе ги неутрализираат загубите во буџетот од повратот на ДДВ. Впрочем, тоа ќе се случи под услов ДДВ за поврат да биде ограничен на 10%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче