„Роскосмос“ го одложи првиот старт на ракетата-носител „Сојуз-2.1а“ од космодромот „Восточни“ во Амурската област (5300 км источно од Москва, Далечноисточниот федерален округ – заб. на ред.) на 1,5 минутити пред лансирањето.
Како што информира извор на руската агенција ТАСС, одлуката е донесена поради исклучувањето на еден од сензорите на ракетата.
„Тоа се читањата на некаков сензор. Точно не знам, треба да се види телеметријата, но штом автоматиката го запрела лансирањето, значи, некаков параметар се нашол надвор од границите на оние параметри кои беа зададени за ракетата“, се вели во веста на изданието.
Резервното лансирање на ракетата е планирано за 28 април.
Во моментов на космодромот се наоѓа претседателот на Русија Владимир Путин. Шефот на руската држава реши да се задржи на „Восточни“ до разјаснување на околностите за дефектот и лансирањето на ракетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче