Дописникот на „Комерсант“ од Балканот Генадиј Сисоев пишува дека кризата во Македонија се заостри по одлуката на претседателот Иванов да ги помилува обвинетите за незаконско прислушување на 20 илјади политичари и функционери, по што опозицијата одговори со масовни протести во Скопје во текот на кои беше демолирана канцеларијата на претседателот. Сепак, средбата во Виена не се одржа.
Македонските власти ја обвинуваат опозицијата која бара повлекување на претседателскиот указ и одложување на парламентарните избори закажани за 5 јуни. Од своја страна, координаторот на преговорите за проширување на ЕУ, комесарот за проширување Јоханес Хан фактички ја префрли одговорноста врз властите во Скопје кои, според неговите зборови, „направија чекор наназад“.
Потоа протестите во Скопје избувнаа со нова сила, со одделни демонстрации на Демократската партија на Албанците во Македонија која ги поддржа барањата на опозицијата. Паралелно митинзи одржуваат и движењето „Протестирам!“. Во петокот вечерта неговите поддржувачи фрлаа балони со боја врз една од зградите на владата, тврдејќи дека протестантите спроведуваат „шарена револуција“ („обоена револуција“).
Барањата на македонската опозиција се поддржани од САД и ЕУ – тие инсистираат на повлекување на указот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Неодржувањето на средбата во Виена уште повеќе ја заостри оваа позиција. Дипломатски извор на „Комерсант“ во една од европските земји соопшти дека Брисел сериозно разгледува воведување персонални санкции против членови на македонската влада и замрзнување на преговорите со Скопје за зачленување во ЕУ. Оваа информација ја потврдува и комесарот Јоханес Хан со изјавата дека ЕУ „е принудена да разгледува и други мерки“ против Скопје. На тој начин, заканата со санкции од страна на Скопје против лидери на земја-кандидат за членство на ЕУ станува потполни реална.
Москва гледа поинаку на македонската криза. Рускиот амбасадор во Скопје Олег Шчербак во интервју за весникот „Нова Македонија“ ја поддржа одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција, а како „единствена легитимна разврска во настанатата ситуација“ го наведе „најскоро одржување на парламентарни извори“. Ваквиот пристап практично во целост се совпаѓа со позицијата на македонските власти. Претходно МНР РФ истапи против „активирање на украинското сценарио, поттикнување однадвор на противправни дејствија и државен преврат“, предупредувајќи дека тоа „може да предизвика длабоки потреси во Македонија и дестабилизација на Балканот во целост“, го заклучува својот коментар Сисоев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче