Лавров: Русија даде објаснување за инцидентот со американскиот крстосувач

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери телефонски разговараа за инцидентот околу прелетувањето на руски Су–24 над крстосувачот „Доналд Кук“ во Балтичкото море и за сириската криза.

„Во центарот на вниманието се најде проблемот со решавањето на сириската криза. Шефовите на надворешнополитичките ресори на Русија и САД ја потврдија решителноста за јакнење на режимот на прекин на огнот во Сирија, кој е воспоставен со заеднички напори, но кој не се однесува на борбата против терористичките групи, и за обезбедување пристап до хуманитарната помош за цивилите во блокираните подрачја. Тие ги повикаа завојуваните страни да не преземаат чекори кои се во спротивност со тие сфаќања и да работат на олеснување на хуманитарната ситуација“, се наведува во соопштението објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Лавров и Кери разговараа и за ситуацијата во Донбас и за ситуацијата во Нагорно Карабах.

„Во текот на разговорот за епизодата со појавувањето на руски авион во близина на американскиот крстосувач „Доналд Кук“ Сергеј Лавров нагласи исцрпно објаснување за тој настан дало Министерствот за одбрана на Русија“, нагласува МНР РФ, а пренесува ТАСС.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња