Државниот секретар на САД Џон Кери смета дека американскиот разурнувач имал право да отвори оган врз руските бомбардери кои „опасно“ и „провокативно“ се приближиле до него, пренесува телевизискиот канал „Си-Ен-Ен“ Еспањол“.
„Го осудуваме таквото однесување. Тоа е непромислено, провокативно, опасно е. Во согласност со правилата на војување, тие (руските авиони) можеа да бидат соборени“, изјави Кери чии зборови ги цитира агенцијата „Асошиејтед прес“.
Кери потенцираше дека САД нема да дозволат да бидат „заплашувани на отворено море“ и потсети дека Вашингтон ја известил Москва за својот став во врска со опасноста од таквите постапки.
Претходно европската команда на САД (EUCOM) изјави дека руските авиони прелетале преблиску до разурнувачот „Доналд Кук“ во меѓународните води на Балтичкото море. Според податоците на Пентагон, Су-24 се приближил до бродот на растојание помало од десет метри, што, според мислењето на американската страна, сведочи за симулација на напад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче