Пилотите на бомбардерите Су-24 ги почитуваа сите мерки на безбедност, изјавија од Министерството за одбрана на Руската Федерација, коментирајќи ја изјавата на САД за „опасниот лет“ покрај разурнувачот „Доналд Кук“.
„Руските воени авиони во сите летови строго се придржуваат до меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води“, изјави официјалниот претставник на одбранбениот ресор генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
Американскиот разурнувач инаку се доближил до руската морнаричка база на околу 70 километри, рече Конашенков и додаде дека „откако го открија бродот во зоната на видливост, руските пилоти направија оддалечување од него со почитување на сите мерки на безбедност“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче