Министерството за одбрана на САД во следните шест години, додека да произведе сопствен ракетен мотор, може да купи уште 18 руски мотори РД-180 за лансирање воени сателити, изјави заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк.
Како што изјави претставникот на Пентагон за агенцијата „Ројтерс“, САД треба да имаат најмалку „два достапни и сигурни начини за да стигнат до вселената“. Во врска со тоа, според неговите зборови, до појавата на американските мотори САД мораат да сметаат на руските РД-180.
„Едноставно не гледаме начин да добиеме нов мотор порано од шест години и затоа за овој преоден период ни се потребни РД-180. Не повеќе од 18…“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче