Засега овој новитет е произведен како пробен модел. Одлуката за сериско производство на ова теренско возило ќе биде донесена по тестирањето.
Тестирањето на моделот „Патриот” со уред на гас ќе биде извршено од Министерството за енергетика на РФ, соопшти прес-службата на претпријатието УАЗ. Ова теренско возило има вграден мотор на бензин од 2700 кубици и уред на гас од четврта генерација (на метан) со три металокомпозитни шишиња со зафатнина од 55 литри по шише. Тестирањето ќе трае од 7 до 31 мај 2016 година, пренесува „ауторрамблер.ру“.
„Ќе ја провериме универзалноста на примената на возилото на гас, како и дали градската средина е подготвен за масовна употреба на ваков тип сообраќај. Ќе видиме како возилото се однесува во текот на секојдневното користење во градски услови и колку се достапни градските гасни пумпи при движење во различни правци. Резултатите од тестирањето ќе бидат земени предвид во нашата понатамошна работа на популаризацијата на користењето гас како моторно гориво“, ја коментираше информацијата заменик-министерот за енергетика на Русије Кирил Молодцов.
Како што се наведува во соопштението на УАЗ, користењето на уредот на гас со компресиран природен гас овозможува намалување на загадувањето, максимална заштеда на гориво и намалување на трошоците со оглед на ниската цена на метанот. Теренското возило „Патриот CNG” со полни шишиња гас (165 литри) може да помине 250 км, а во Русија трошоците поради разликата во цената меѓу гасот и бензинот можат да бидат намалени за над 40%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче