Грушко: Одговорот на засилувањето на НАТО во Европа ќе биде асиметричен

Русија нема намера да биде „пасивен набљудувач“ на зајакнувањето на американското воено присуство во Европа „со акцент на источното крило“, изјави постојаниот претставник на РФ во Алијансата Александар Грушко.

Русија ќе преземе воени мерки како одговор на зголемувањето на присуството на НАТО во Европа, пред сѐ во нејзиниот источен дел, и одговорот на Москва ќе биде асиметричен и ефикасен, изјави постојаниот претставник на РФ во Алијансата Александар Грушко.

Тој истакна дека САД продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во Европа „со акцент на источното крило“.

„Се разбира, ние не сме пасивни набљудувачи, ние континуирано ги реализираме сите они воени мерки кои сега ги сметаме за неопходни за да го компензираме тоа зајакнато присуство кое, патем кажано, со ништо не е оправдано. Се разбира, одговорот ќе биде апсолутно асиметричен. Тој ќе биде калибриран така што ќе соодветствува и на нашите претстави за степенот на воената закана, да не бидат екстремно погубни, но и максимално ефикасни“, изјави Грушко во интерју за телевизијата „Русија 24“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња