Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за американската телевизија „Фокс“ изјави дека руското раководство сонува да го обнови Советскиот Сојуз, а за тоа му е потребна Украина.
„Ако ме прашате дали му верувам на Путин, јас ќе одговорам – не“, изјави Порошенко. Според неговите зборови, раководството на Русија е апсолутно непредвидливо, но најочигледно објаснување за постапките на Кремљ тој ја смета желбата за обнова на „Советската империја“. „И се разбира, таквата империја не може да се замисли без Украина“, изјави Порошенко.
Според неговите зборови, опасноста од руска агресија постои и за балтичките земји. Тој додаде дека глобалниот систем на безбедност, изграден по Втората светска војна, престанал да функционира по „анексијата“ на Крим и конфликтот на истокот на Украина.
Претходно украинскиот лидер призна дека е невозможно враќање на Крим насила. „Јас сум претседател на светот и за ефикасно обезбедување на координирани дејствија на Украина и на оние кои нѐ поддржуваат во светот се потребни напорите на украинските дипломати“, изјави Порошенко. Според неговите зборови, украинската дипломатија веќе постигнала големи успеси во таа насока.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче