МНР РФ ќе ја проучи ситуацијата во Нагорно Карабах

Во саботата Ерменија и Азербејџан соопштија за нагло заострување на ситуацијата во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах. Страните се обвинуваат меѓусебно за активни офанзивни дејствија.

Москва внимателно ќе ги проучи информациите кои доаѓаат во врска со ситуацијата во Нагорно Карабах, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Ние внимателно ќе ги проучиме информациите што пристигаат“, изјави таа.  

Претходно во саботата претставници на непризнаената Република Нагорно Карабах, на Министерството за одбрана на Ерменија, како и претставници на азербејџанските безбедносни сили соопштија за заострување на ситуацијата во зоната на нагорно-карабашкиот конфликт. Страните соопштуваат за артилериски гранатирања и борби. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња