„Ајде сепак да ги почекаме резултатите од расправата, дали Радата ќе донесе некаква одлука или нема да донесе одлука. Се разбира, така речено, различни иницијативи кои се граничат со безумие, за жал, не се реткост во Киев во последно време, затоа не би сакал сега да коментирам“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Во средата Комитетот на Врховна Рада на Украина за меѓународни работи го поддржа предлогот за укинување на дипломатските односи со Русија. Засега не се наведува датумот на седницата на која ќе се разгледува наведениот предлог.
Претставниците на Радикалната партија во украинскиот парламент минатата година веќе се залагаа за привремен прекин на дипломатските односи со Русија. Украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин не ја поддржа оваа иницијатива, нагласувајќи дека тоа ќе ја минира „Минската спогодба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче