Дамаск покажува флексибилност на женевските преговори со цел да не пропушти ниедна шанса за регулирање на ситуацијата, изјави претседателот на Сирија Башар Асад. Тој додаде дека, што се однесува до успехот на сириската армија и руската воена поддршка, тоа нема да го забави, туку ќе го забрза тој процес.
„Има такви кои нѐ обвинуваат нас и Русија дека ги забавуваме преговорите. Тие интервенцијата на Русија со цел борба против тероризмот се обидуваат да ја претстават како да има за цел да му пружи поддршка на претседателот или на сириската влада и на тој начин да го наруши политичкиот процес”, изјави сирискиот претседател, пренесува „Взгљад”.
„Можеби тоа би можело да биде како да не сме покажале флексибилност од самиот почеток, како навистина да сме се противеле на преговорите. Но ако зборуваме за политиката на сириската држава од пред пет години, ние се одзвавме на сите иницијативи без исклучок, независно кој ја започнуваше, дури и непријателските страни“, изјави Асад во разговорот со генералниот директор на Меѓународната информативна агенција „Русија денес“ (Россия сегодня) Дмитриј Кисељов.
„Целта е да не пропуштиме ниедна шанса за регулирање на ситуацијата. Затоа можам накратко да одговорам дека руската воена поддршка, поддршката од страна на пријателите на Сирија и воените успеси на сириската војска ќе доведат до забрзување на политичкото решение, а не до забавување. Ние не го сменивме нашиот став ни пред руската поддршка, ни потоа“, истакна Асад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче