Терористичкиот напад извршен во пакистанскиот град Лахоре на денот на празнувањето на Велигден според грегоријанскиот календар зборува за тоа дека исламистите ѝ објавија војна на христијанската цивилизација како таква, смета првиот заменик на претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич, пренесува ТАСС.
Според неговото мислење, терористичкиот напад „во екот на празнувањето на католички Велигден стана продолжение на низата трагедии кои ја потресоа Европа – падот на рускиот авион, терористичките напади во Париз, експлозиите во Брисел“.
„Не може да не се види дека во суштина, војната ѝ е објавена на христијанската цивилизација како таква. Војна не на живот, ами на смрт“, смета парламентарецот. Тој исто така истакна дека „радикалните исламисти ја водат против сите христијани – католици, протестанти, православни, независно од тоа каде тие живеат – во центарот на Европа, на Блискиот Исток или на некое друго место“.
„Ова е релативно нова реалност, без чие осознавање денес е едноставно невозможна ефикасната борба со меѓународниот тероризам", убеден е Клинцевич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче