Претседателот на РФ Владимир Путин во телефонски разговор со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова изјави дека рускиот контингент ќе учествува в деминирањето на Палмира, соопшти портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Во разговорот со Бокова Путин исто така ѝ го честитал ослободувањето на Палмира од терористите. „Путин ја информираше Бокова дека заедно со сириската војска по наредба на врховниот командант претставници на рускиот контингент ќе учествуваат во деминирањето на овој древен град“, соопшти Песков.
Според неговите зборови, „претседателот на Русија и генералниот директор на меѓународната организација се договорија дека УНЕСКО и Сирија ќе можат во најскоро време да ги преземат неопходните дејствија за процена на штетата што терористите ѝ ја нанесоа на Палмира, како и за изработка на план за обнова на она што може да се обнови“.
Бокова му се заблагодари на Путин за помошта и во целост ја потврди подготвеноста на УНЕСКО за заедничка работа, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче