„Особено внимание заслужува ситуацијата на западниот стратешки правец. НАТО продолжува да го зголемува својот воен потенцијал во Европа, вклучително и во непосредна близина на руските граници. Несомнено таквата ситуација не може да не нѐ вознемирува. Принудени сме да реагираме на неа. Затоа постојано се подобрува борбениот состав на силите на Западниот воен округ. Во текот на 2015 година продолжи формирањето на формации и воени единици, вклучително и на две дивизии“, изјави Шојгу.
Тој исто така истакна дека опремувањето на силите со современо вооружување ќе продолжи.
Ќе бидат испорачани повеќе од 1,1 илјади единици нова и модернизирана воена техника – авиони, тенкови, оклопни транспортери, хеликоптери, средства за врски и управување, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче