Вашингтон би сакал да му се врати на нормалниот дијалог со Москва и постои напредок во таа насока, изјави државниот секретар на САД Џон Кери во интервју за телевизијата „Русија 24“, одговарајќи на прашањето дали САД и Русија му се враќаат на нормалниот дијалог.
Државниот секретар исто така истакна дека, без оглед на противречностите меѓу Москва и Вашингтон, тој и Сергеј Лавров можат продуктивно и ефикасно да работат заедно.
„Претпоставувам дека со шефот на МНР РФ Сергеј Лавров воспоставивме многу продуктивни односи и би можеле да ги заобиколиме противречностите и ефикасно да работиме заедно“; зијави Кери.
Кери беше во дводневна посета на Москва. Во четвртокот, 24 март, руско-американските разговори траеја околу осум часа и течеа во две етапи: првин имаше средба меѓу државниот секретар и шефот на руската дипломатија, а потоа Кери се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Клучни теми на посетата беа проблемите на сириското решение, борбата со тероризмот и Донбас.
Кери изјави дека претседателот на САД е подготвен да ги укине санкциите против Русија кога сите одредби од „Минската спогодба“ ќе бидат исполнети, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче