ЕУ се интересира за руското искуство од проверките при влез на аеродромите

Воведувањето такви мерки на безбедност ќе биде многу посложено, сметаат во Европската комисија.

Европската комисија по терористичките напади во Брисел може да предложи воведување контрола на влезовите во аеродромите, пишува „Интерфакс“ повикувајќи се на германскиот весник „Ди Велт“.

„Тоа има смисла, затоа што ќе може да се проверат сите посетители пред влезот во терминалот“, ги цитира изданието зборовите на висок чиновник во ЕК. 

Европската комисија се повикува, на пример, на успешната контрола на влезовите во московските аеродроми по терористичкиот напад во аеродромот „Домодедово“ во 2011 година. Тогаш во зоната на пристигање бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа по што загинаа 37 луѓе, а беа ранети 172.

Индивидуалните проверки бараат трошоци, тие се потполно реални и можат позитивно да влијаат на ситуацијата со безбедноста, изјави изворот во Европската комисија. Според неговите зборови, за разлика од аеродромите, многу посложено е да се заштитат метро-станиците  со такви мерки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња