Туркмените жалат за загинувањето на рускиот пилот на нивна територија и се надеваат на помош од Русија во одржувањето на мирот, како и во борбата против тероризмот и агресијата на Турција, изјави шефот на администрацијата на туркменската населба Ал-Аисауија во Сирија Мустафа Кафи, пишува „Лента.ру“.
Во Ал-Аисауја има доставено околу пет тони руско-сириска хуманитарна помош, а исто така е поставен и медицински пункт. „Благодарен сум ѝ на Руската Федерација за помошта што ни ја пружа, и за вистината што му ја презентира на целиот свет“, изјави Кафи.
Тој додаде дека локалните жители се против агресијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Ние не сакаме да му помагаме, тој е лош човек“, истакна чиновникот.
Кафи изрази сочувство во врска со загинувањето на нивна земја на пилотот на рускиот авион кој беше соборен од турското ВВС и потоа стрелан од бунтовниците.
Според неговите зборови, Туркмените ќе продолжат да се борат против тероризмот со поддршка од владините сили и сирискиот претседател Асад. Тие исто така го одобруваат примирјето, а приврзаниците на терористите ги нарекуваат предавници на татковината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче