Претставник на сириската опозиција изјави дека силите лојални на сириската влада го поткопуваат мировниот процес и продолжуваат да ги напаѓаат позициите на бунтовниците, пренесуваат светските агенции.
„Имаме алтернативни можности за заштита на нашите луѓе, доколку меѓународната заедница не може да го стори тоа“, изјави претставникот на опозицијата, пренесува „Рамблер“.
Примирјето стапи на сила на 27 февруари во 00:00 часот според времето во Дамаск.
Претходно беше постигнат договорот меѓу Вашингтон и Москва. Прекинот на огнот не важи за „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра“ и други формации, прогласени од СБ ООН како терористички. Покрај прекинот на борбените дејствија, цел на договорот е и обезбедување хуманитарна помош за сите сириски граѓани кои имаат потреба од тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче