Патријарх Кирил: Треба да се договараме за заедничките морални вредности

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја оцени средбата со папата на Куба како влог во формирањето на темелите за „морален консензус за сите луѓе“. Тој исто така истакна дека предводниците на двете цркви „можат да дојдат до заеднички одговор, и тоа со леснотија“.

Првата во историја средба на поглаварите на двете најголеми цркви на светот во Хавана ќе помогне да се изгради нова глобална цивилизација врз основа на морален консензус и да се победи тероризмот, изјави патријархот Московски и на цела Русија во интервју за RT America

„Треба заедно да се обидеме да изградиме нова глобална цивилизација врз основа на морален консензус. Верувам дека е можно. И во таа смисла мојата средба со папата Франциск беше многу важна“, рече патријархот.

Според неговите зборови, двете најголеми цркви на светот се сретнаа преку своите поглавари за да ги „сверат часовниците“, да поразговараат за истите проблеми, секој од своја гледна точка. „И се убедивме дека можеме да дојдеме до заеднички одговор и со леснотија, затоа што кај двајцата соговорници имаше морален консензус – верата во Господ Исус Христос, Неговите заповеди, Неговите закони“, изјави патријархот.  

Според неговите зборови, истите заповеди и закони ги има и во муслиманскиот свет, дури и во светскиот хуманизам. Барем, општата декларација за правата на човекот, додаде поглаварот на РПЦ, се повикува на моралот како на нешто што може да ги ограничи човековите права.

„Денес не се повикуваме на моралот, од гледна точка на ограничување на човековата слобода. Ние, за жал, сѐ повеќе се оддалечуваме од тоа што секогаш нѐ обединуваше на најдлабоко, онтолошко ниво. Ако таа поделба и понатаму трае, човештвото има лоша перспектива. Ние не можеме да живееме на истата мала Земјина топка, поделени од длабоки противречности на онтолошко вредносно ниво“, убеден е патријархот.

Тој смета дека средбата со папата имала свој влог во формирањето на тие темелите за „морален консензус за сите луѓе“.

„Не треба да се бориме со моралните вредности, вклучувајќи го и појавувањето на закони наменети за рушење на традиционалниот морал, ами треба да се договараме за тие заеднички морални вредности, и врз таа основа да градиме заедничка глобална цивилизација. Во таквата цивилизација нема да има место за тероризмот“, убеден  е рускиот патријарх.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња