Медведев за борбата со тероризмот: Или ние, или тие

Премиерот на РФ Дмитри Медведев зборуваше во Минхенската конференција за безбедност.

Ако меѓународната заедница не ја нормализира ситуацијата во Сирија и другите точки на жаришта, тогаш тероризмот ќе стане нов вид војна во која ќе биде вовлечен целиот свет, предупреди премиерот Дмитриј Медведев, пишува „Росијскаја газета“.  

„Тероризмот е цивилизациски проблем. Или тие или ние. Време е да се сфати тоа“, изјави премиерот. „Без какви било нијанси и половични тонови. Без какви било оправдувања за нивните постапки. Без поделба на наши и ваши, екстремни и наводно умерени.

Русија е подготвена да ја продолжи работата за реализација на заеднички мировни иницијативи за Сирија кои се одвиваат тешко, но нема алтернатива за националниот дијалог, убеден е рускиот премиер. И не можат да бидат успешни таквите преговори ако едната од страните се обидува наметне некакви предуслови за нивен почеток.

„И не треба никого да плашат со копнена операција“, рече Медведев.  

Без учество на Москва, ефикасна борба со тероризмот е тешко возможна. „Дури и оние што не ни посакуваат добро признаваат дека без Русија „антитерористичката равенка не се решава“, потенцираше шефот на руската влада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња