Претставникот на сириската опозиција со својата изјава ги поништи сите напори на дипломатите од меѓународната заедница, вклучувајќи го и трудот на Стејт департментот, смета портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Еве, почнува. Вчера до два часот по полноќ важни луѓе работеа на сириските преговори. Во соопштението е јасно наведено: Дамаск и опозицијата треба да го прекинат насилството, борбата против тероризмот ќе биде продолжена“, напиша Захарова на својата Фејсбук страница.
„А денес претставникот на Врховниот комитет за преговори Ријад Ага, откако добро се наспа, изјави дека ќе го прифати примирјето во Сирија само под услов руската авијација да ги запре нападите, инаку тоа е неприфатливо. Не му завидувам на Стејт департментот. Тие вчера навистина се потрудија“, изјави Захарова, пренесува „Взгљад”.
Претходно во петокот, министерот за надворешни работи на Турција исто така изјави дека во случај руските воздушни напади во Сирија да продолжат, нема да биде постигнато примирје.
Москва, меѓутоа, веќе соопшти дека операцијата во Сирија нема да се менува поради желби на трети земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче