Хамонд: Москва постигна дел од своите воени цели во Сирија

Москва успеа да реализира дел од своите цели во Сирија и е подготвена да ја намали воената активност, изјави шефот на британската дипломатија Филип Хамонд на маргините на Минхенската конференција за безбедност.

„Сосема е можно тие (Русите) да постигнале реализација на ограничени воени задачи кои си ги поставиле пред себе, и сега се подготвени на намалување на воената активност, но ние ќе го разјасниме тоа дури во следниве неколку дена, кога ќе видиме каков ќе биде нивниот одговор на теренот“, изјави Хамонд, пренесува „Взгљад“.

Шефот на Форин офисот истакна дека не добил од Москва никакви гаранции во врска со тоа. „Постојат многу „ако“, многу нејаснотии по повод однесувањето на Русите, јас засега не добив од нив никакво уверување“, рече министерот.

Притоа дипломатот е убеден дека без таквите чекори од страна на РФ планот за прекин на огнот и испорака на хуманитарна помош во Сирија, договорен на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија, нема да биде успешен.

„Овој договор има потенцијал фактички да стане чекор напред и да обезбеди напредок во Сирија, единствено во случај ако Русија го стори она што се очекува од неа и да ги пренасочи своите удари од умерената опозиција врз вистинските терористички цели“, тврди Хамонд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња