Турција ќе бара РФ да му го објасни на НАТО инцидентот со Су-34

Анкара сака Москва да му го разјасни на генералниот секретар на НАТО наводниот инцидент за нарушување на воздушниот простор на Турција од страна на руски авион Су-34.

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу му наложи на турското МНР да побара Русија да даде објаснување на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со наводниот инцидент со руски Су-34, пишува РИА „Новости“.

Важно е што НАТО излезе во прв план и даде изјава според која секое нарушување на турскиот воздушен простор е нарушување на воздушниот простор на НАТО. Истата оценка ја дадовме и јас и нашиот претседател. Позицијата на НАТО по ова прашање нѐ задоволува. Ние му дадовме инструкции на нашето МНР да побара Русија да му го објасни наведеното нарушување на генералниот секретар на НАТО“, изјави Давутоглу, а го цитира весникот „Хуриет“.

Според зборовите на турскиот премиер, повредата на воздушниот простор на Турција наводно се случила во регион кој членовите на коалицијата се обидуваат да го исчистат од „Исламската држава“.

Турскиот премиер смета дека сегашната воено-политичка доктрина на Русија е насочена кон обнова на своето влијание во светот кое таа го загуби на почетокот на 90-години. Тој ја обвини Москва за обид „да се спротивстави  на турската визија за интеграција во регионот“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња