Русија негира дека го нарушила воздушниот простор на Турција

Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков демантира дека руски Су-34 го повредил воздушниот простор на Турција.

„Руските воени авиони базирани во Сириската Арапска Република не го повредиле воздушниот простор на Турција. Изјавите на турската страна дека авион Су-34 наводно го повредил воздушниот простор ги толкуваме како чиста пропаганда“, рече портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.  

Портпаролот додаде дека се надева дека дури и турските стручњаци за противвоздушна одбрана знаат дека радарите кои го контролираат воздушниот простор можат да ја одредат само висината, курсот и брзината на објектот во воздух. Ниеден радар од таков вид не е во состојба да го утврди типот на леталото, па и тоа на која држава ѝ припаѓа – на Русија или на таканаречената коалиција против „Исламската држава“ предводена од Американците.

Руското министерство истакнува дека сето горенаведено може да се види само од друг авион кој во тој момент не бил во близина.

„Да зборуваат сериозно за тоа дека со помош на радар некој некого, па уште и на два јазика (англиски и руски) предупредува, можат само неписмени стручњаци за пропаганда, луѓе кои се изнагледале холивудски акциски филмови. Од своја страна можеме одговорно да изјавиме дека ниту руските средства за ПВО во Сирија, ниту сириските радари не потврдија повреда на сириско-турската граница“, рече Конашенков.

Тој исто така додаде дека вербален контакт меѓу турската страна и руските пилоти веќе одамна нема, пренесува „РТ“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња