Варшава сака идните гасоводи преку кои рускиот гас ќе се испорачува во Европа да минуваат преку територијата на Полска, изјави во понеделникот во интервју за германскиот таблоид БИЛТ министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски, пренесува РИА „Новости“.
Претходно Варшава многупати изразуваше незадоволство од плановите на Германија за изградба на „Северен тек-2“ кој ќе ја одминува Полска. Така, претседателот на земјата Андреј Дуда изјави во декември дека „вториот гасовод „Северен тек“ не само што им штети на полските интереси, туку ја зголемува и зависноста од Русија“.
„Ние би сакале, на пример, идните гасоводи од Русија за Западна Европа да минуваат меѓу другото и преку полска територија. Тоа би било знак на солидарност и партнерство на ЕУ со земјите од Централна и Источна Европа“, рече Вашчиковски.
Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка претходно упатија до Брисел заедничко писмо со критики за изградбата на „Северен тек-2“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче