Премиерот на Русија Дмитриј Медведев потпиша уредба со која им се забранува на турски компании и државјани да се занимаваат со некои видови дејност на територијата на Русија. Документот е објавен на сајтот на владата, пренесува „Лента.ру“.
Во списокот влегоа изградба на објекти и инженеринг, работи во областа на архитектурата и инженерско-техничко проектирање, обработка на дрво. Освен тоа, се забранува и работата на туристичките агенции, хотели, како и давањето услуги за обезбедување на државните и општинските потреби.
Санкциите стапуваат на сила на 1 јануари 2016 година. Во уредбата се вели дека ограничувањата не важат за договори склучени до тој датум.
На 28 декември претседателот на Русија Владимир Путин потпиша нов указ за воведување посебни економски мерки против Турција. Во документот се истакнува дека санкциите се однесуваат не само на турски компании, туку и на организации контролирани од турски државјани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче