Терористичкиот напад врз рускиот авион А321 бил извршен со помош на самоделна експлозивна направа врз основа на пластичен експлозив Ц-4, изјави за „Комерсант“ извор близок до истрагата, пренесува РИА „Новости“.
„Руските безбедносни служби утврдија дека експлозивната направа направена врз основа на пластичниот експлозив Ц-4, кој првично беше произведен во САД, а сега го произведуваат многу земји“, прецизира весникот.
Се истакнува дека тој факт значително го проширува списокот на потенцијални лица одговорни за терористичкиот чин и може да ја направи посложена потрагата по нив.
Според информациите на изворот, експлозивната направа била пренесена во авионот од страна на професионалец кој поминал специјална обука и за кого се претпоставува дека бил вработен на аеродромот во Шарм-ел-Шеик.
Бомбата во вид на лименка Швепс од 0,33 литри со 200-300 грама експлозив била поставена под едно од седиштата на крајот на авионот. Експлозивот, според првичните информации, направил дупка во телото на авионот што довело до дехерметизација. Потоа дошло до распаѓање на авионот во воздух.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче