Околу 200 американски атомски бомби се распоредени во Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција, изјави министерот за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.
„На територијата на Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција се наоѓаат околу двесте американски атомски авионски бомби. Предвидена е нивна обнова“, рече Шојгу во говорот на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ.
Според неговите зборови, стационирани се 310 авиони-носачи со различен степен на борбена готовност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче