ЕУ ѝ предлага на Русија да отпише дел од украинскиот долг

Русија треба да ја поддржи Украина како „добар другар“ и да ѝ отпише 20 проценти од долгот, изјави постојаниот претставник на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас.

Русија треба да ја поддржи Украина како „добар другар“ и да ѝ отпише 20 проценти од долгот, изјави во интервју за радиото „Вести-FM“ постојаниот претставник на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас, пренесува „Лента.ру“.

„Се надеваме и апелираме дека... Русија ќе покаже исто таква добра волја и ќе го поддржи нашиот заеднички сосед за чиј просперитет, мислам, треба да бидеме заинтересирани и двете страни – како Русија, така и Европската унија“, изјави дипломатот.

Ушацкас истакна дека долговите треба да се платат, но додаде дека „добрите другари“ треба „понекогаш да ги отпишуваат“. „Лично мислам дека тоа исто така би било покажување добра волја од страна на Русија – да се оди по патот што го покажаа Европската унија и САД преку Меѓународниот монетарен фонд“, додаде тој.

Во средата, 9 декември, претседателот на Русија Владимир Путин му наложи на министерот за финансии Антон Силуанов да поднесе тужба против Украина во врска со невратениот кредит од 3 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња