Секретарот на Собранието на исламскиот систем на Иран по прашања за определување на соодветноста изјави дека Иран поседува документи кои сведочат за нелегална продажба на нафта од страна на терористите на ИДИЛ на Турција.
Во петокот, 4 декември, Мохсен Резаи изјави дека доколку Анкара не е во тек со тоа како терористите ѝ продаваат нафта на Турција, Техеран е подготвен да ѝ даде на владата во Анкара соодветна документација, пренесува агенцијата IRIB на руски јазик.
Резаи објасни дека иранските воени инструктори во Сирија направиле видео и фото-документација на сите маршрути на движење на нафтените цистерни на ИДИЛ и се подготвени да ги дадат наведените документи.
Резаи потенцира дека земјите кои се борат со тероризмот треба да ги намалат тензиите меѓу себе и да ги насочат сите сили кон уништување на терористичката група ИДИЛ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче