Ердоган: Не сакаме заострување на тензиите во односите со Русија

Претседателот Ердоган истакна дека Турција не сака заострување на тензиите во односите со Русија, но и дека е подготвена да преземе мерки на одговор.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган повторно ги отфрли обвинувањата за учество на раководството на неговата земја во шверц со нафта што ја произведува „Исламската држава“ во регионите што се под нејзина контрола во Сирија.  

„Турција сѐ уште не ја загубила совеста за да добива нафта од терористичка организација“, изјави Ердоган во Катар, пренесува ТАСС.

Тој исто така истакна дека Турција не сака да ја заостри напнатоста во односите со Русија, но и дека е подготвена да преземе мерки на одговор.

„Ние не се однесувавме емоционално и нема да го правиме тоа. Ние немаме идеи за заострување на оваа напнатост. Ќе дејствуваме со дипломатски методи. Доколку Русија продолжи да се однесува на истиот начин, ќе почнеме да преземаме свои мерки како одговор. Со жалење ја гледаме непропорционалната реакција на Русија“, изјави турскиот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња