Кина со поддршка за интервенцијата во Сирија, со осуда за Црна Гора во НАТО

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Пекинг ја поддржува руската воена интервенција во Сирија против „Исламската држава“.

Кина укажува на тоа дека руската антитерористичка кампања во Сирија се реализира по барање на властите на таа земја, ја цитира „Комсомолскаја правда“ портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина.  

Хуа Чунинг вчера ја повика меѓународната заедница да се откаже од идејата за студена војна и да утврди нов концепт на безбедност кој би бил „заеднички, комплексен, заснован на соработка“. Портпаролката на МНР Кина го изјави тоа во четвртокот на прес-конференција, коментирајќи го прашањето за поканата до Црна Гора да стапи во НАТО.  

„НАТО-пактот е резултат на Студената војна“, нагласи Хуа Чунинг и додаде дека во ерата на глобализација сите држави се заемно поврзани и дека ниедна не е во состојба самостојно да се избори за своја апсолутна безбедност, пренесува russian.news.cn.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња