Путин: РФ е подготвена за барање начини за решавање на кризата во Сирија со сите заинтересирани страни

Претседателот на РФ Владимир Путин на состанокот на „Нормандиската четворка“ истакна дека Москва е подготвена за координација на информациите и барање патишта за решавање на сирискиот проблем со сите заинтересирани страни.

Русија е подготвена за координација на информациите и барање патишта за решавање на сирискиот проблем со сите заинтересирани страни, изјави претседателот на РФ Владимир Путин по состанокот со лидерите на Франција и Германија Франсоа Оланд и Ангела Меркел, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Претседателот потенцираше дека Русија е подготвена за координација на информациите и да се занимава со барање понатамошно решавање на сирискиот проблем заедно со сите заинтересирани страни. Претседателот особено акцентираше дека операцијата во Сирија се реализира од страна на руското воено воздухопловство во строга согласност со принципите на меѓународното право – во дадениов случај на барање на сириското раководство“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на портпаролот на Кремљ.

„И исто така тој истакна дека дејствијата се насочени кон борба со терористичките екстремистички организации – тоа се и „Исламската држава“, таканаречената, и „Ан-Нусра, и други, потенцирајќи исто така, дека поддршката за офанзивните дејствија на сириската армија исто така има свои важни цели за зачувување на територијалниот интегритет(...) на Сирија“, изјави Песков.

Владимир Путин ги информирал Оланд и Меркел и за Координативниот центар во Багдад, пренесува „RT“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња