Русија целосно го запре снабдувањето на Украина со гас

„Нафтогас на Украина“ не уплати аванс за рускиот гас.

Испораките на руски гас за Украина запираат сѐ додека украинската државна компанија „Нафтогас на Украина“ не изврши нови авансни уплати, соопшти претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер, пренесува РИА „Новости“.  

„Денеска во 10 часот претпладне „Нафтогас на Украина“ ги презеде претходно платените количини руски гас. Нови уплати немаше. „Нафтогас“ не уплати барање за испорака на гас. Така што испораките на гас се прекинуваат сѐ додека украинската компанија не ги уплати парите“, се наведува во соопштението на Милер.

Претседателот на Управниот одбор на „Гаспром” исто така истакна дека откажувањето од купување руски гас создава сериозен ризик за безбеден транзит на гасот во Европа преку територијата на Украина и за снабдување на украинските потрошувачи во текот на претстојната зима.

Претходно министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека постои можност Москва да ги запре испораките на јаглен за Киев како одговор на прекинот на снабдувањето на Крим со струја.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња