Украина ја запре испораката на струја на Крим

Во петокот, 20 ноември, во Херонската област во Украина беа кренати во воздух далноводите преку кои електричната енергија се испорачува на Крим и јужните региони на Украина.

Украина ја запре испораката на електрична енергија во два реона на Херсонската област и на Крим поради оштетување на електричната мрежа, изјави министерот за енергетика на Украина. Исто така, загрозено е и снабдувањето на 40% потрошувачи во Херонската и Николаевската област.

„Украинските стручњаци ги вложуваат сите напори за да го обноват безбедното функционирање на украинската електрична мрежа која поради оштетување на далноводите на југот на Украина се наоѓа во опасна состојба. Денес поради оштетување на далноводите и потстаниците енергетскиот систем беше принуден да ја запре испораката на електричната енергија во два  реона на Херсонската област, на Крим, а исто така е загрозено и снабдувањето на  40% од потрошувачите во Херсонската и Никоалевската област“, се наведува во соопштението.

Во петокот, 20 ноември, во Херсонската област беа кренати во воздух далноводите преку кои се испорачува електрична енергија на Крим и во јужните региони на Украина.

„Природата на оштетувањата сведочи за тоа дека тие се предизвикани од огнено оружје или со примена на експлозив“, се наведува на сајтот на украинската електрична дистрибуција, пренесува РИА „Новости”.

Портпаролот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин ја коментираше настанатата ситуација.

„Околу 20 години тие правеа сѐ Кримјаните да избегаат од нив, а сега прават сѐ дефинитивно да ги замразат“, напиша Маркин на Твитер, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња