Лавров ја откажа посетата на Турција

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја откажа посетата на Турција поради соборувањето на рускиот авион Су-24.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека по инцидентот со рускиот Су-24 ја откажал посетата на Турција, пренесува „Взгљад”.

„Министерството за надворешни работи на РФ не им препорачува на Русите да патуваат за Турција“, рече Лавров.

Тој го истакна порастот на терористичките закани од Турција. „Таму заканите не се ништо помали отколку во Египет“, заклучи шефот на руската дипломатија.

Руски воен авион Су-24 во вторникот, 24 ноември, беше соборен во Сирија на границата со Турција. Авион Ф-16 на турското воено воздухопловство го собори ловецот со ракети воздух-воздух откако рускиот авион наводно го повредил воздушниот простор на Турција.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња